„Ѓоковиќ во исто време е најтежок и најлесен противник“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холгер Руне во разговор со медиумите пред почетокот на Вимблдон зборуваше и за најдобриот тенисер во историјата по број на освоени гренслем-титули, Новак Ѓоковиќ.

Данскиот тенисер даде интересен коментар за Ѓоковиќ.

„Ѓоковиќ може да биде во исто време и најтежок и најлесен противник. Најтежок затоа што може да одигра сè, а најлесен затоа што знаете дека нема ништо да ви подари. Против него се обидувам да одиграм најдобро што знам и постојано го напаѓам“, вели Руне.