Ѓоковиќ во Париз лови три рекорди, може да ги престигне Сампрас и Надал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не одигра ниту еден меч од поразот против Данил Медведев во финалето на Ју-Ес опен.

Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз ќе има шанса да постави три нови рекорди и на одличен начин да влезе во самата завршница на тековната сезона.

Доколку ја освои титулата во Париз, тогаш ќе стане тенисер со најмногу освоени трофеи на Мастерсот и така ќе го престигне Рафаел Надал.

Доколку се пласира во финалето на француската престолнина, тогаш Србинот ќе стане играч со најмногу Мастерс финалиња, односно тоа ќе биде 53 во неговата кариера.

Со победа на престојниот турнир Ѓоковиќ би го потврдил и првото место на АТП-листата, па тоа би му било по седми пат во кариерата и така ќе го надмине Пит Сампрас.