Ѓоковиќ запеа на прославата на српските олимпијци (Видео)

Српските олимпијци освоија пет медали на игрите во Париз, па вчера беа пречекани од 80.000 граѓани во Белград.

На прославата еден од највеселите беше освојувачот на златен медал и еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во еден момент го зема микрофонот и почна да пее заедно со пејачот Никола Роквиќ.