Голден Стејт до крајот на регуларниот дел од НБА ќе игра без Кари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари нема да игра до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Кари се повреди на 16 март, по судирот со Маркус Смарт во дуелот против Бостон селтикс и пропушти седум меча на Воините.

Одличниот кошаркар поради повредата на скочниот зглоб ќе ги пропушти и останатите дуели во регуларниот дел од сезоната, а ќе заигра во плејофот.

Голден Стејт во моментов имаат 48 победи и 29 порази и се наоѓаат на третото место на Западната конференција, додека Кари во просек постигнува по 25,5 поени, 6,3 асистенции и 5,2 скокови.