Голден Стејт стана шампион, новинарка ептен го налути Стеф Кари (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стеф Кари со неверојатен настап во финалето на НБА-лигата му ја донесе титулата на Голден Стејт, а во последниот меч постигна дури 34 поени и ја доби наградата за МВП на финалето.

Кари го совладаа емоции, па паднаа и солзи на крајот, но на прес-конференцијата повторно следеше емотивна реакција, откако една новинарка го изнервира.

„Стеф, што значи за вас тоа што конечно го освоивте МВП-финалето?“, праша новинарката.

На Кари уште по реакцијата се забележа дека не му се допаѓа прашањето, по што удри по масата.

„Заборавете на тоа, ние сме шампиони. Зошто почнувате со такво прашање? Имаме четири прстени“, одговори Кари.