Голеада на „Меаца“: Хет-трик на Мартинез, Интер е нов лидер во Серија А 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во средбата од 15. коло во италијанската Серија А, Интер го надигра Кротоне во одличен меч со осум голови (6-2).

Се очекуваше победа на Интер, но Кротоне даваше отпор само во првото полувреме. Мечот беше решен во второто полувреме кога домаќините постигнаа четири гола, при што Лаутаро Мартинез комплетираше хет-трик.

ИНтер е лидер во Серија А со 36 бодови, односно два повеќе од Милан, кој подоцна игра против Беневенто.