Голем губитник во НБА: Одби понуда од 112 милиони долари, па сега ќе заработува само – два!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Виктор Оладипо и следната сезона ќе настапува за Мајами Хит, меѓутоа поради неговиот договор стана еден од најголемите губитници на кошаркарската сцена.

Тој минатото лето доби понуда од Индијана од 112 милиони долари за четири години, но Оладипо без размислување ја одби понудата и се надеваше на повеќе пари.

Потоа беше трејдуван во Хјустон, кој сакаше да го задржи, но Оладипо не прифати договор на две години вреден 45 милиони долари.

Хјустон имаше проблеми затоа што Оладипо се закани дека ќе замине бесплатно, па го испратија во Мајами за Ејвери Бредли, Кели Олиник и пик на драфтот.

Меѓутоа, Оладипо тешко се повреди, па го пропушти остатокот од сезоната, а потоа Мајами му понуди само ветерански договор вреден два милиони долари.