Голем малер: Елмас пак е позитивен на ковид-19


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи вчера објави дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас добил негативен тест на ковид-19 по пристигнувањето во Италија, меѓутоа италијанските медиуми денеска пишуваат за два нови случаи на вирусот во Неапол.

Еден од позитивните случаи на ковид-19 е Елмас, додека вториот позитивен случај е во стручниот штаб на екипата.

Информацијата не е потврдена од Наполи, а Елмас беше во официјалниот состав за дербито со Јувентус, кое се игра вечерва во Торино, меѓутоа засега не е познато дали ќе настапи.

Од екипата соопштија дека имале само еден позитивен случај, но резултатите од останатите тестови сè уште се анализираат и наскоро ќе бидат познати повеќе детали.