Голем пресврт: Нејмар наредната недела потпишува за Барселона!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Иако минатата недела беше одржан состанок помеѓу Нејмар и челниците на ПСЖ на кој беше утврдено дека тешко оти ќе се случи трансфер во Барса, се случува пресврт.

Тој е сега многу близу до враќање во тимот од Шпанија, а наводно се би требало да биде завршено наредната недела.

Управата попуштила кога сфатила дека Нејмар сака само да оди во Барса и дека започнал да внесува немир во соблекувалната, а сево ова за да го исфрорсира трансферот.

Наводно ќе биде договорена позајмица со задолжителен откуп на крајот од сезоната, а останато е да се договори колку ќе плати Барселона во слредниот преоден рок.

Реално, тоа беше и единствен начин на кој Барселона можеше да го доведе овој играч, бидејќи толку пари немаат, а ПСЖ не сакаше никакви размени. Нејмар се согласил и на намалување на платата, а Барса ослободи место за играч кој не е од ЕУ со продавањето на Малком.