Голем пресврт во трансфер сагата, Суарез беше на чекор до Јувентус, а сега би можел да остане во Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Суарез веќе беше виден во дресот на Јувентус, но како што стојат работите тој нема да ја продолжи кариерата во овој тим.

Суарез се уште е член на Барселона, но јасно е дека нема да остане во редовите на каталонскиот клуб.

Во текот на вчерашниот ден се појави вест дека самиот Суарез не сакал да се пресели во Торино и да го облече дресот на Јувентус затоа што сакал да остане во Шпанија.

Наводно, Уругваецот добил понуда од Атлетико Мадрид и тој самиот претпочитал да остане во Ла Лига.