Голем скок за Ѓорческа на ВТА-листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа одигра одличен турнир во Оломуц, Чешка, каде што стигна до финалето каде што загуби од домашната тенисерка Сара Бејлек.

Ѓорческа со пласманот во финалето на турнирот забележа голем скок од 27 позиции на ВТА-листата, па од денеска се наоѓа на 239. место.

Ова не е најдобар пласман во нејзината кариера, затоа што талентираната македонска тенисерка историски успех постигна во јуни 2017 година, кога стигна до 170. позиција на ВТА.