Голем талент одби да потпише договор со Барселона, неговиот агент замина на преговори со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Чави Ернандез му верува на младиот талентиран фудаблер Гави, кој влезе во почетниот состав на каталонскиот гигант на 17 години.

Гави има договор до 30 јуни 2023 година, а засега не успеа да се договори за продолжување на соработката со гигантот, додека неговиот менаџер Иван де ла Пена се појавил во канцелариите на Реал Мадрид пред неколку дена.

Овој потег на неговиот менаџер предизвика големи шпекулации во медиумите дека Гави ќе направи предавство и ќе се пресели во „кралскиот клуб“, кој наводно ќе му понуди подобри услови.

Гави претходно го одби Реал и реши да заигра за Барселона, меѓутоа тоа може да се промени наскоро кога ќе заврши неговиот договор, а Каталонците дотогаш мора да се обидат да му го продолжат договорот.