Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але мора да го напушти тренинг-центарот на клубот поради тоа што му беше откриено дека има рак на тестисите, а информацијата ја потврди и неговиот клуб.
Овој 28-годишен фудбалер од Брегот на Слоновата коска веќе замина во Дортмунд на дополнителни прегледи.
Але ова лето пристигна во Дортмунд за 35 милиони евра од Ајакс и требаше да го замени Ерлинг Халанд, кој претходно потпиша за Манчестер сити.
Искусниот напаѓач во минатото настапуваше за Оксер, Утрехт, Ајнтрахт и Вест хем, а за неговата репрезентација одигра 15 натпревари, при што постигна четири гола.
Sebastien #Haller hat das #BVB-Trainingslager in Bad Ragaz krankheitsbedingt verlassen müssen und ist bereits zurück nach Dortmund gereist. Bei Untersuchungen wurde ein Hodentumor entdeckt.
— Borussia Dortmund (@BVB) July 18, 2022
Gute Besserung, @HallerSeb! 🙏🙏
Weitere Infos: https://t.co/XPaNATxgDI pic.twitter.com/v6hA6MeGLV