Голема радост за „росонерите“: Милан е шампион на Италија! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан по 11 години повторно е шампион на Италија, откако славеше против Сасуоло со убедливи 3-0 и така завршија пред големиот ривал Интер.

Рафаел Леао му асистираше на Оливие Жиру во 17. минута, а Французинот без проблеми погоди за 1-0, по што стрелаше и вторпат за водство од 2-0.

Победата на Милан ја потврди Франк Кеси, откако пак главната улога ја имаше неверојатниот Леао и асистираше за нов погодок.

Златан Ибрахимовиќ влезе во второ полувреме и постигна гол, но истиот му беше поништен поради недозволена ситуација, сепак не треба да биде тажен затоа што му помогна на Милан сезонава конечно да го освои Скудетото.

Интер славеше во вториот меч, кој се играше во ист термин, со 3-0 против Сампдорија, но мораше да се задоволат со второто место.