Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓
Дефанзивецот на Манчестер сити, Ејмерик Лапорт реши во иднина да го носи дресот на шпанската фудбалска репрезентација.
Шпанија доби големо засилување пред настапите на Европското првенство (ЕП) бидејќи шпанско државјанство денеска доби Лапорт.
Лапорт беше еден од најголемите француски таленти и беше дел од младинската селекција на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација на „триколорите“.
Тој го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.
Сезонава Лапорт има 27 настапи за Манчестер Сити, па сигурно ќе биде големо засилување за Луис Енрике.