Големо изненадување: Дурант се враќа во Голден Стејт!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Кевин Дурант би можел да се врати во Голден Стејт вориорс, откако побарал трејд од страна на Бруклин нетс.

Новинарот Крис Брусард откри дека добил информација за барањето на Дурант за трејд. Тој не сака повеќе да игра со Кајри Ирвинг во ист тим и сака да се врати во неговиот поранешен клуб.

Дурант го носеше дресот на „воините“ од 2016 до 2019 година и притоа двапати го освои шампионскиот прстен, а двапати беше избран и за МВП на финалето.