Голманот на Арсенал: Верувам дека можеме да завршиме помеѓу првите четири екипи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал е еден од клубовите во англиската Премиер лигата кој се најде во големи проблеми.

Лондонскиот клуб по 18 одиграни кола има само 23 бодови и се наоѓа на 11. место, а последните десет натпревари запиша само една победа.

Фредрик Љунберг неодамна е поставен како привремено решение на клупата на Арсенал, по отказот на Унаи Емери, но не донесе некои промени во играта, па овој клуб сега го превзема Микел Артета.

Топџиите со новиот тренер ќе пробаат во вториот дел од првенството да изборат пласман меѓу првите четири екипи, а голманот на овој тим Бернд Лено е уверен дека тоа и ќе се случи.

“Секако дека верувам, бидејќи мислам дека има уште многу натпревари до крај”, изјавил германскиот голман.

“Играме против најдобрите шест екипи. Имаме многу шанси за победа на натпреварите против нив. Се уште веруваме. Судбината е во наши раце.”

“Мораме да покажеме менталитет, мораме да играме добар фудбал и тогаш можеме само да создадеме шанси.”

“Кога зборуваме за тактика или квалитет или она што беше во минатото, тоа не е важно. Мислам дека единствен начин е да работиме напорно, да го вратиме нашиот менталитет и тогаш сум уверен дека можеме да ја постигнеме својата цел.”, додава Лено.