Голманот на Борусија откри како се чувствува Санчо поради шпекулациите кои го поврзуваат со Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Брусија Дортмунд, Роман Бурки призна дека не мислел дека Џејдон Санчо ќе остане во БОрусија Дортмунд и оваа сезона по интересот од Манчестер Јунајтед.

Сепак, сега кога помина последниот датум до кој „милионерите“ дадоа рок на Манчестер Јунајтед до 10 август да донесат одлука дали ќе платат 108 милиони фунти за неговиоте услуги.

Двата тима дотогаш не се договорија, па сега многумина веруваат дека Санчо ќе остане во Борусија Дормтунд.

„Не бев 100% сигурен дека тој ќе остане, но се надевав дека ќе остане. Сега не верувам дека Џејдон е тажен што ќе продолжи да игра во Борусија Дортмунд. Тој доаѓа на тренинг со насмевка на лицето и е среќен што е со нас“ –изјави Бурки.