Голманот на репрезентацијата на Франција го засилува шампионот на Англија

Вториот голман на француската репрезентација, Стив Манданда би можел да ја промени средината. Тој останува без клуб веќе утре, бидејќи на 1 јули му идтекува договорот со Марсеј и станува слободен играч.

Кристал Палас и Евертон беа клубовите кои покажаа најголем интерес, а сега се појави и Лестер.

Мрежата на Лестер минатата сезона ја чуваше Каспер Шмајхел и нема сомневање дека тој би добил голема конкуренција во Манданда.