Голманот на Ватфорд оваа сезона е поопасен од Лингард!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед оваа сезона игра под своето ниво, а поединци во клубот тотално потфрлија, тоа посебно се однесува на Џеси Лингард.

Лошата форма на Манчестер Јунајтед е прикажана и низ статистиката кај играчите на овој тим, а еден од нив е и споменатиот офанзивец.

Имено, според статистиките на колегите од Англија, голманот на Ватфорд – Бен Фостер имал повеќе обиди да го погоди голот на своите ривали од Лингард.

Фостер шутираше со глава во последната минута од натпреварот против Челзи, но Кепа ги спаси Челзи и им донесе победа на тоа гостување кај Ватфорд.

Лингард од друга страна сеуште не успеа ниту еднаш да шутне накај голот.

Може ова е и најдобар показател за немоќта на Јунајтед, а пред се некои од играчите од кои многу се очекуваше и сеуште многу се очекува, но Лингард со вакви перформанси нема место во првиот состав на Црвените Ѓаволи.