Голманот на Верона со еден прашање го извади Ибрахимовиќ од такт ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ зад себе има врвна кариера, а сега и на 39 години е одличен во дресот на Милан, но вчера не се прослави против Верона во италијанското првенство.

Во натпреварот против Верона, Ибра го изведе најлошиот пенал во кариерата, откако шутираше над голот.

Италијанските медиуми открија што му кажал голманот на Верона, Марко Силвестри и го исфрлил од такт шведскиот напаѓач, по што следеше промашувањето.

„Последниот пенал го промаши, зар не?“, почна да провоцира Силвестри, по што Ибра го утна целиот гол на Верона.

Тоа беше трето промашување за Ибра од белата точка, но во финишот на мечот најде начин за да израмни на 2-2.