Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го ангажира тренерот Горазд Михајлов за вториот дел од сезоната, па така тој ќе го замени Александар Васоски.
„Црвено-црните“ денеска објавија дека Михајлов доаѓа на местото на Васоски кој претходно потпиша за Силекс.
„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство“, соопшти Вардар.
Михајлов ќе има тешка задача да го спаси Вардар од испаѓање од Првата лига.