Ѓорческа ја декласира првата носителка во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против првата носителка Пана Удварди во осминафиналето на турнирот во Куршумлиска Бања.

Удварди се наоѓа на 135. место на ВТА-листата, но Ѓорческа беше незапирлива и за само 50 минути ја декласира со 6-0 и 6-3.

Ѓорческа во четвртфинале ќе се соочи против Далила Јакуповиќ од Словенија.