Ѓорческа ја освои титулата во Куршумлиска Бања


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа беше подобра од Антониа Ружиќ со 2-0 во сетови во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања.

Ѓорческа ја надигра нејзината противничка со 6-3 и 6-3, па така освои нова титула и бодови со кои повторно се враќа во топ-200.

ВТА утре ќе ја објави најновата ранг-листа, а се очекува Ѓорческа да биде на 186. позиција.