Ѓорческа ќе игра четвртфинале во Куршумлиска Бања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања во Србија.

Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-2 и 6-3 против Миа Ристиќ за место меѓу најдобрите осум тенисерки на турнирот.

Македонката во следното коло ќе игра против Французинката Лорис Боасон која се наоѓа на 427. место во светот.