Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Матилде Паолети со 6-3, 3-6 и 7-5 во осминафиналето на турнирот во Ларнака.
Ѓорческа обезбеди место во четвртфиналето каде што ќе се соочи против Русинката Ксенија Зајцева, која претходно беше подобра од Нома Ноха Акугуеа со 2-1 во сетови.
Зајцева е во одлична форма и минатиот викенд го освои турнирот во Ираклион, па Ѓорческа ќе има пеколно тешка задача да избори полуфинале.