Ѓорческа ќе се бори против Зајцева за полуфинале во Ларнака


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Матилде Паолети со 6-3, 3-6 и 7-5 во осминафиналето на турнирот во Ларнака.

Ѓорческа обезбеди место во четвртфиналето каде што ќе се соочи против Русинката Ксенија Зајцева, која претходно беше подобра од Нома Ноха Акугуеа со 2-1 во сетови.

Зајцева е во одлична форма и минатиот викенд го освои турнирот во Ираклион, па Ѓорческа ќе има пеколно тешка задача да избори полуфинале.