Ѓорческа ќе се бори за титула во Куршумлиска Бања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше против Кристина Дину со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2 за пласман во финале во Куршумлиска Бања.

Дину даде поголем отпор во првиот сет, но и покрај тоа Ѓорческа ја задржа предноста од брејкот кој го направи на противнички сервис и стигна до 6-4.

Ѓорческа беше уште подобра во вториот сет, каде што доминираше на теренот и со 6-2 обезбеди место во финалето.