Ѓорческа ќе се бори за титулата во Ираклион


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови против Катарина Хобгарски, и тоа по пресврт со 2-6, 6-0 и 3-0 (откако се предаде нејзината противничка).

Ѓорческа го загуби првиот сет од првата носителка на турнирот Хобгарски со 2-6, но потоа ги искористи проболемите кај Германката за да издоминира во вториот сет со 6-0.

Проблемите за Хобгарски продолжија и во третиот сет, а Ѓорческа освои три гема на стартот и тоа значеше крај за Германката која немаше друг избор освен да го предаде дуелот.