Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во првото коло на турнирот во Истанбул, Турција, но и покрај тоа, ја очекува утре настап во конкуренција на двојки.
Ѓорческа успеа да се пласира во главната фаза преку квалификациите и беше на чекор до изненадување против Анастасија Захарова, откако го доби првиот сет со 7-6. Сепак, во вториот сет Русинката беше подобра со 6-4, а во третиот со 6-2, па така се пласираше во следното коло.
Во секој случај, Лина не треба многу да тагува за поразот, зашто ја очекува дуел во двојки, заедно со Екатерина Јашина, па ќе се обиде да стигне до нов трофеј, а походот го започнува против Мелиз Сезер и Ипек Оз.