Ѓорческа, по три триумфи, конечно загуби во Белград


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓоческа беше поразена на Источно-европскиот шампионат, кој се одржува во Белград, Србија и тоа од Викторија Томова, кој е подобро рангирана од неа на ВТА-листата.

Ѓорческа не пронајде соодветен одговор на нападите на одличната Томова, која дури четири пати успеа да направи брејк на сервисот на македонската тенисерка и на крајот Бугарката славеше со 6-3 и 6-4.

Сепак, мора да ја пофалиме Лина, која претходно славеше на три натпревари во Белград, и тоа против Маријана Дражиќ, Чемре Анил и Тијана Сретеновиќ.