Ѓорческа се пласира во четвртфинале на вториот турнир во Талин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска беше подобра од Јустина Микулските со 2-1 во сетови, односно 6-3, 5-7 и 6-4 на вториот турнир во Талин, Естонија.

Ѓорческа на првиот турнир стигна до финалето, каде што мораше да се предаде во вториот сет поради повреда, но сега избори четвртфинале и се наоѓа на добар пат кон нов успех.

Микулските се покажа како незгодна противничка против Ѓорческа, но македонската тенисерка го доби мечот и им се врати на победите.

Ѓорческа во следно коло ќе игра против Зејнеп Сонмез од Турција.