Ѓорческа скокна 22 места на ВТА-листата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа напредок од 22 позиции на ВТА-листата по одличниот настап во Талин, Естонија.

Ѓорческа стигна до финалето во Талин, каде што се соочи со повреда и мораше да го предаде натпреварот во вториот сет.

Македонската тенисерка од вчера се наоѓа на 213. место во светот и ја делат само 18 поени од топ-200 на ВТА-листата.

Најдобар пласман на Ѓорческа во кариерата е 170. место до кое стигна пред неколку години.