Ѓорческа со триумф го отвори турнирот во Анталија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-0 во сетови против Маделиеф Хагеман од Холандија на стартот на турнирот во Анталија.

Третата носителка немаше проблеми против Хагеман и славеше во двата сета со по 6-2 и за еден час обезбеди пласман во второто коло.

Ѓорческа во второто коло ќе игра против победничката од дуелот меѓу Амарија Киара Тот и Владислава Андревскаја.

Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.