Ѓорческа со триумф ја почна 2023 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа славеше во првото коло на турнирот во Талин, Естонија со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4 против Радка Зелницкова.

Ѓорческа немаше проблеми против Зелницкова, која ја реши за 80 минути и ја оправда фаворитската улога на стартот на 2023 година.

Македонката во следно коло ќе се бори против 28-годишната Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија.