„Гори“ во Мадрид: Перез отпиша еден од голманите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа славеше со 5-3 против Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, но претседателот Флорентино Перез не е задоволен со еден од голманите.

Кепа вчера бранеше против Атлетико, но не се прослави, а посебно виновен беше при третиот гол и поради тоа Перез не сака да го задржи.

„Дефенса Сентрал“ објави дека Перез ќе мора да бара нов голман или да му верува на Андреј Лунин додека се врати Тибо Куртоа по тешката повреда.

Овој неуспех би можел да значи и крај на Кепа во Мадрид, па по завршување на позајмицата би се вратил во Челси, но и таму тешко дека ќе добие шанса покрај Санчез и Петровиќ.