Господски гест на Кристијано Роналдо: Еве што му вети на капитенот на Унгарија пред соблекувалната (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


На теренот водеа жестока битка, но надвор од него – доминираа почит и емоции! По возбудливиот натпревар помеѓу Унгарија и Португалија (2:3) во квалификациите за Светското првенство, Доминик Собослај откри дека неговиот детски идол, Кристијано Роналдо, му ветил дека ќе му го даде својот дрес.

Португалија славеше со 3:2 во Будимпешта, а токму Роналдо и Бернардо Силва беа меѓу стрелците за гостите, додека победата во финишот ја донесе Жоао Кансело. Унгарците кратко изедначија преку Барнабас Варга, но не издржаа до крајот.

Сепак, вниманието по натпреварот не го привлече само резултатот, туку и емотивната размена на дресовите – или поточно, обидот за размена. Собослај му го даде својот дрес на Роналдо, но дозна дека Португалецот својот веќе го подарил на некој друг. Сепак, Кристијано му вети дека ќе му го даде дресот по реваншот во Лисабон следниот месец.

Интернетот претходните денови „експлодираше“ кога се појави фотографија од малиот Доминик од 2009 година, кога како осумгодишен маскот стоеше покрај Роналдо, тогаш во дресот на Португалија. Денес, 16 години подоцна, тие двајца беа капитени на своите репрезентации, рамо до рамо.

.