Гостинскиот дрес на Ајакс за новата сезона ја воодушеви фудбалската јавност

Првакот на Холандија, тимот на Ајакс оваа сезона беше на чекор од голема сензација во Лигата на Шампионите.

Ајакс во Холандија успеа да дојде до дупла круна, а само секунди го делеа овој тим од пласманот во финалето на Лигата на Шампионите.

Меѓутоа, во реванш натпреварот во полуфиналето, Тотенхем успеа да постигне гол во последните секунди и да го елиминира најпријатното изненадување на Лигата на Шампионите за оваа сезона.

Сепак, во Ајакс веќе чекор по чекор се спремаат за новата сезона, а пред нив има доста работа. Свесни се дека ќе останат без поголем дел од играчите кои настапуваа во првиот тим кои воодушевија многумина со својата игра.

Но и покрај тоа, припремите за новата сезона веќе започнаа со тоа што беа претставени новите дресови на тимот. Гостинската гарнитура е веќе промовирана, а дизајнот и боите на дресот ја воодушевија фудбалската јавност.