Гостивар со огномет ја прослави победата против Вардар (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатиот викенд се играа натпреварите од Втората македонска фудбалска лига, меѓу кои беше и дербито Гостивар – Вардар (1-0).

Дуелот беше решен во првото полувреме со голот на Каланоски од белата точка за победа на Гостивар од 1-0.

Нов лидер во Втората лига е Воска со 23 бодови, по што следи Вардар со 22, а Гостивар има еден бод помалку.

Навивачите на Гостивар беа пресреќни за победата во дербито, па истата ја прославија со огномет.