Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вицешампионот на Германија од денеска и официјално е посилен за репрезентативец на Португалија.
Нов член на Милионерите е млдиот Рафаел Гереиро!
Тој на Сигнал Идуна Парк доаѓа од редовите на француски Лориен, а со Борусија потпиша договор до 30 јуни 2020 година.
„Рафаел Гереиро е вешт играч кој се чувсвтува добро на голем број на позиции“, изјави спортскиот директор на Борусија Михаел Зорц.
Гереиро поседува француски и португалски пасош, а моментално се наоѓа со селекторот Фернандо Сантош на ЕП во Франција.
Се најде и во стартните 11 во мечот со екипата на Исланд, кој е завршен без победник.
Кариерата ја почна во редовите на вториот тим на Каен, настапуваше и за првиот тим една сезона, а тогаш во 2013 година се пресели во Лориен.
Одлично се снаоѓа на левата аут линијата како во одбраната така и во нападот, а за екипата на Лориен настапуваше во 102 наврати, постигнувајќи 10 голови.
Дресот на португалската репрезентација го носеше во осум наврати, за тоа време забележа 2 погодоци.
Како што е Марцел Шмелцер се почесто надвор од теренот, и пружа нешто послаби партии, ова е одлична аквизација за германската екипа.
Сеуште не е познато која сума на пари ќе ја задоволи екипата на Лориен, за да го пушти одличниот млад фудбалер на Сигнал Идуна Парк.
Тој е шестото засилување на Дортмунд за наредната сезона, а пред него дресот на Милионерите го задолжија Себастијан Роде, Емре Мор, Осман Дембеле,. Микел Мерино и Марк Бартра.