Готово е: Челси купи одличен напаѓач за 60 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси ги потпиша сите документи со Лајпциг за трансфер на одличниот напаѓач Кристофер Нкунку, објави специјалистот за трансфер Фабрицио Романо.

Романо објави дека Нкунку потпишал договор да се пресели во Лондон во јули 2023 година, а засега е познато само дека Лајпциг ќе добие околу 60 милиони евра.

Медицинските прегледи биле комплетирани уште во септември и документите се потпишани од сите страни, па се чека само официјална потврда на трансферот.

Засега не се познати деталите како тоа до кога Нкунку потпишал договор со премиерлигашот, иако имаше шпекулации дека ставил потпис на соработка до 2027 година.