Готово е: Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид се сели во Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека Бразилецот Касемиро е на праг да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Манчестер јунајтед.

Раководството на Реал и Јунајтед се договориле за трансфер од 60 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси за бразилскиот фудбалер.

Романо објави дека на Касемиро му е понуден четиригодишен договор со можност да биде продолжен на уште една сезона, а годишно ќе добива по 18 милиони евра.

Раководството на премиерлигашот очекува Бразилецот до крајот на неделата да стигне во Манчестер за да ги помине медицинските прегледи по кои ќе биде претставен како ново засилување.

Касемиро претходно пристигна во Реал во 2013 година од Сао Паоло за шест милиони евра.