Готово е: Ендрик го напушта Реал Мадрид во јануари


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок ќе се раздели со младиот бразилски напаѓач Ендрик, кој ќе ја продолжи сезоната надвор од „Сантијаго Бернабеу“.

Информацијата ја потврди познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, кој наведува дека следната станица на талентираниот офанзивец ќе биде францускиот гигант Лион.

Според договорот, Лион ќе преземе половина од платата на Бразилецот и ќе му обезбеди јасно дефиниран број настапи во Лига 1. По завршувањето на сезоната, Ендрик ќе се врати во Мадрид, каде што клубот сериозно смета на него за иднината.