Готово – Јуве имаше опција, Милан го доведе Аргентинецот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Работата завршена, но навивачите не се импресионирани.

Италијанските медиуми соопштија дека работата е завршена, Милан на Бока ќе му плати 15 милиони за талентираниот Родриго Бетанкур.

Се очекуваше 19-годишниот фудбалер да стигне во Италија во Јуве, но ќе заврши во Милан.

Јуве имаше опција да го активира Бетанкур, но во овој момент не им е потребен.

Бока ги извести за преговорите со Милан, тие соопштија дека нема да ја искористат опцијата, па Ел Пољо ќе стигне кај росонерите. Реал сакаше да го доведе во зимата за 15 милиони евра, но тој го одби трансферот во Мадрид бидејќи сака да игра и свесен беше дека кралскиот клуб ќе го пратеше на позајмица.

Сега конечно има шанса за големата сцена, но навивачите не се воодушевени. Бидејќи Бетанкур ќе го заземе местото на странец, па нема ништо од доведувањето на Квадрадо од Челси.