Готово – „Кун“ во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кралскиот клуб“ ја заврши работата околу трансферот на суперталентираниот Парагваец, кој во Јужна Америка го споредуваат со Серхио Агуеро.

Серхио Диас е ново засилување за Лос Бланкоси.

Овој тинејџер стигнува на Сантијаго Бернабе од Серо Портењо , гигантот од Асунсион на име трансфер ќе заработи 5 милиони евра, а таа сума може да биде и поголема во случај ако оствари одредени бонуси.

Диаз ќе потпише договор на пет години и во прво време ќе настапува за вториот тим – Реал Мадрид Кастиља, а ќе се развира под надзор на Сантијаго Солари.

Прекарот му е „Кун“ (момче, дете) од причина што по стилот на игра потсетува на Агуеро, а има и од тоа што го викаат исто како нискиот аргентински напаѓач.

Серхио Диаз дебитираше за Серо Портењо во лето 2013 година и на 70 настапи потигна 16 голови.

Важи за најталентиран парагвајски фудбалер и млад е репрезентативец на оваа јужно американска држава.

https://www.youtube.com/watch?v=bu3NCvg6UjM