Готово –Монтела ја прифати понудата на Росонерите!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најавите се обистинија,  италијанските медиуми најавија дека Винченцо Монтела ја прифати понудата и дека во наредните две сезони ќе седи на клупата на Милан.

Паднатиот европски гигант од Сан Сиро доби во вторникот нов шеф на стручниот штаб, поради тоа што италијанските медиуми пренесоа дека Виченцо Монтела ја прифати понудата и се одлучи да потпише двегодишен договор со Милан.

Денеска пишувавме за тоа дека Силвио Берлускони ги убедил кинеските инвеститори дека Монтела е вистински избор после заминувањето на Броки, а Газета пренесе дека во текот на денот и поранешниот стратег на Фиорентина ја прифати понудата.

Како што наведува влијателниот италијански весник, Винченцо Монтела ќе парифира договор на две сезони со годишна плата од 2.3 милиони евра.

Преостанува Милан со Сампдорија да договори “трансфер“ поради што легендата на Доријаните во договорот има откупна клаузула од 1.1 милион евра, па се очекува Росонерите да ја официјализираат соработката до крајот на неделата.