Готово: Мората се враќа во Италија


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


После што го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица во Галатасарај, капитенот на шпанската репрезентација Алваро Мората, кого Милан во јули 2024 го врза со четиригодишен договор, кариерата ќе ја продолжи во Комо.

Галатасарај имаше можност да го откупи неговиот договор за 10.000.000 евра, но клаузулата не ја активираше, бидејќи потроши многу пари за да го откупи Виктор Осимен од Наполи, а планира и други големи купувања.

Мората, некогашен играч на Реал Мадрид, Атлетико, Челзи, Јувентус и Милан, така се враќа во Италија, но во дресот на новиот и многу амбициозен клуб.

Ќе ги зајакне опциите во нападот на екипата на Сеск Фабрегас, која следната сезона ќе биде многу интересна за следење.

Овој трансфер ние го најавивме одамна, уште пред почетокот на преодниот рок, но работите сега се совпаднаа, па трансферот го потврди и Фабрицио Романо.

Фото: Grok AI