Готово – ПСЖ има нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После што вчера е објавено дека Пари Сен Жермен го отпушти тренерот Лоран Блан, денес е објавено дека има нов тренер.

Унаи Емери, шпански тренер кој најголемата слава ја стекна во Севиља, потпиша договор со ПСЖ кој ќе го предводи после што отказ доби Лоран Блан.

Тој потпиша договор се до 2018 година, се е објавено и на официјалниот сајт на Парижаните.

Емери во претходните три години ја предводеше Севиља, а претходно  беше тренер на Спартак од Москва, Валенсија, Алмерија и Лорка Депортива.

Вистински специјалист е за Лига Европа поради што успеа три години по ред со Севиља да го земе овој трофеј.

Парижаните имаат за цел трофеј во рамките на ЛШ, сметаат дека Унаи Емери е вистински човек за тоа.