Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Три дена пред првиот дуел со српскиот шампион, екипата на Сасуоло стана посилна за искусен напаѓач!
Како што вечерва пренесуваат медиумите во Италија, Алесандро Матри постигна дефинитивен договор со челниците на Сасуоло околу трансфер во оваа екипа.
Според вечерашните информации, 32-годишниот Матри со Сасуоло ќе се обврзи на двегодишна верност, со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Неговата официјална промоција во новиот клуб е најавена за утре.
Матри во текот на долгогодишната кариера промени голем број на клубови во Италија, играше и за Милан и Јувентус, Лацио, Фирентина, Џенова, Каљари, каде и остави најдлобока трага во периодот од 2007 до 2011 година.