Готово, Тотенхем доби големо засилување!

Тотенхем доби големо засилување на средината на теренот.

Во наредната сезона Тотенхем ќе игра во Лигата на шампионите, екипата на Маурицио Покетино има за цел да ја повтори сезоната 2015/16 и од август во Премиер лигата, но ќе биде далеку потешко отколку што беше.

За тоа е потребно да има силна клупа и голем број на играчи кои може да покриваат повеќе позиции, а еден од таквите е Виктор Ванијама, досегашниот фудбалер на Саутемптон.

Пред три дена Скај Спорт тврдеше дека е се готово и дека сите три страни го договориле преминот на последниот играч за врска, а сега тоа е и дефинтивно поради тоа што и самиот играч тоа го потврди.

„Сега ми е во главата само тој медицински преглед во Тотенхем. Ова е ново поглавје во мојата кариера, сигурен сум дека ќе дадам се од себе во својот нов тим.

Сакам да се заблагодарам на навивачите на Саутемптон, како и на менаџментот, за совршеното време кое го имавме заедно. Секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, рече Ванијама.

Инаку, Ванијама одигра 92 меча за Саутемптон, постигна 4 голови.

Вредноста на трансферот е околу 15 милиони евра.